Пукање во Арачиново – не сакал да му биде зет, па го застрелал

336

Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на улицата „18“ застанал со моторното возило „фиат пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира дека причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...