Официјални претставници на Универзитетот Џексон во американската сојузна држава Мисисипи потврдија дека во нивниот кампус денеска дошло до пукање и дека напаѓачот веројатно се уште се наоѓа во негова близина.
Студентите и вработените се предупреднеи дека кампусот во моментов е заклучен, а на сите им е упатен совет да се скријат во своите соби и канцеларии.
„Сомнителен напаѓач со огнено оружје е во црна „хонда“, Целата заедница во кампусот треба веднаш да се скрие. Кампусот во моментов е заклучен. Ќе ве информираме кога ситуацијата ќе биде решена“, наведува универзитетот на својот налог на Твитер.
Полицијата во Џексон потврди дека истражува пукање во кампусот, како и дека едно лице е рането.
– Го истражуваме пукањето во блокот околу улицата Линч, што се случи малку по 11 часот. Според првичните информации, едно машко лице е рането. Неговата состојба засега е непозната. Во моментов нема достапни информации за мотивите за пукањето или за осомничениот сторител – соопшти полицијата.