Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 22.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.П. пријавил дека додека се движел со патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки по булевар „Октомвриска револуција“, од паркингот на хотел непознато лице пукало кон неговото возило, по што со друго возило побегнало во непознат правец.
Д.П. не бил повреден. Причинета е материјална штета на неговото возило. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.