УЕФА нема да го исклучи ПСЖ од Лигата на шампионите, дури и ако клубот е прогласен за виновен за кршење на финансискиот фер-плеј.
Како што објави „Ле Фигаро“, УЕФА разгледува различни опции за казнување на парискиот клуб, но меѓу нив не постои опцијата дисквалификација.
Најверојатно е ограничувањето на трансферите за ПСЖ и зголемена контролата над трошоците.
ПСЖ по пауза од една година повторно ја освои шампионската титула во Франција и е еден од фаворитите за освојување на ЛШ следната сезона.