ПСЖ го склучи најголемиот спонзорски договор во својата историја – ќе кешира 75 милиони евра

250

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен го продолжи договорот со својот спонзор – производител на спортски и Најк до 2032 година, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.

Според „РМЦ Спортс“ сумата на годишните плаќања ќе се зголеми од 25 на 75 милиони евра.

Ова ќе му овозможи на францускиот клуб да влезе во топ 5 најголемите договори на европските клубови со своите технички спонзори.

Воедно, самиот договор е најголемиот спонзорски во историјата на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...