Процедурата за одземање на имунитетот на Вељаноски може да почне денес

361

Процедурата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски може да почне уште денеска ако собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања го добие барањето од Судот. Синоќа Јавното обвинителство побара 30 дневен притвор за поранешниот претседател на Собранието заради сомнеж за вмешаност во организацијата на насилствата од 27 април.

Судот веќе утрово треба да испрати писмо до претседателот на Собранието,Талат Џафери, во кое ќе се бара одземање на имунитетот на Вељаноски. Откако ќе го прифати барањето, Џафери ќе го извести претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, кој треба да свика седница на Комисијата.

– Веднаш доколку пратат такво барање до Собранието ќе бидат првземени активности за да се запазат роковите според Деловникот – ни изјави Павле Богоевски, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања.

Откако Комисијата ќе донесе предлог-одлука се закажува пленарна седница на Собранието, која не треба да се одржи повеќе од три дена по добивањето на барањето од судот и на која ќе се расправа за предлог-одлуката до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Доколку се донесе одлука за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Вељаноски, тој ќе може да оди во притвор, како осомничен за организирање на настаните од 27 април.

По синоќешниот распит во Обвинителството, само Вељаноски, поради имунитеот, беше привремено ослободен како осомничен за упадот во Собранието на 27 април, додека поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија 30-дневен притвор поради можност за бегство и влијание на сведоци.

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...