Професорка во средно од Велес добивала закани по животот и телото

Засега нема потврда дали заканувачите се нејзини ученици и кои биле причините за овие закани.

1278

Професорка од велешко средно училиште деновиве добивала закани по животот и по телото на мобилен телефон, дознава Плусинфо. Таа ги пријавила во полиција овие закани поради тоа што била исплашена за својата безбедност, но од полицијата не кажуваат повеќе детали за што точно се работи. Засега нема потврда дали заканувачите се можеби некои нејзини ученици и кои биле причините за овие закани.

– Во вторникот во 10 часот во СВР Велес, жена пријавила дека лицата Х.Б., А.П. и А.Л. преку СМС ѝ праќале закани по животот и телото – велат од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо.

Од средното училиште во кое работи професорката ни рекоа дека го разгледуваат случајот, но не сакаа да искажат став додека целиот случај не се реши.

Од Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат ни беше кажано дека не се запознаени со овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...