Протоѓер до Јанкулоска: Ќе им се мочам у уста на „А1“

1242

Во разговор од 31 мај 2011 година меѓу ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Јанкулоска му раскажува дека Петар Поп Арсов не бил популарен кај јавноста и да му дадат друга обврска за да не оди со неа меѓу граѓаните: „Тој е добронамерен, ама не е популарен“.

Протоѓер ја прашува Јанкулоска на 5 дена пред изборите дали ќе го победат СДСМ: „Ќе ги згазиме ли?“, прашува тој, на што ексминистерката се смее. Протоѓер потоа на повисок тон ѝ вели на Јанкулоска: „Ноќта на петти на „А1“ ќе им се мочам у уста“, алудирајќи на аферата со списоците.

Осомничените во случајот „Титаник“ на СЈО се товарат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...