Протоколот за членство на Македонија во НАТО помина во Парламентарна комисија во Турција

472

Парламентарната комисија за надворешни работи во Големото народно собрание на Турција (ТБММ) даде зелено светло за Предлог-законот за Протоколот за членство на Република Северна Македонија (РСМ) во НАТО да се стави на дневен ред на Парламентот за ратификација, јави агенцијата Анадолија.

Комисијата одржа состанок под водство на претседателот на комисијата, Волкан Бозкир, кој е пратеник на АК Партијата во турското Собрание.

На состанокот беа разгледани 10 предлог-закони, од кои осум беа одобрени, меѓу кои и Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Претседателот ТБММ, Мустафа Шентоп, за време на неговата посета на Република Северна Македонија истакна дека Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО за максимум еден месец ќе се ратификува на генералната седница на Собранието, потсетува Анадолија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...