На денешната владина седница бил утврден текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.
„Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор на нашата земја со НАТО, кој ќе биде пратен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во ,Службен весник на Република Северна Македонија’, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата“, соопшти владината прес-служба
Одлуката е донесена по усложнувањето на политичката ситуација во Шпанија, каде е се потешко да се очекува дека до Нова година ќе се формира стабилна влада. Македонскиот Парламент треба да се распушти на 11 февруари и не е сигурно дали Шпанија до тогаш ќе ја усвои ратификацијата.