Противпожарна екипа била повикана утрово во детската болница за белодробни заболувања во Козле.
– Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени – изјавил за Курир, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.
Од детската болница демантираа дека станува збор за пожар, туку дека се стопиле каблите во еден од тоалетите. Превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.