Тројца Руси и тројца Италијанци, од кои едниот најблизок соработник на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини биле тајно снимени како на 18 октомври минатата година, во московскиот хотел Метропол, коваат план Русија да ги финансира европските националистички движења и високи личности од екстремната десница во обид за формирање на „Голем Сојуз”, објави Buzznewsfeed, а пренесува „360 степени“.
Целта е со руска помош да се поткопаат либералните демократии и да формира нова, националистичка Европа блиска до официјална Москва.
Според снимениот разговор, соработникот на Салвини, Џанлука Савоини преговора за условите за договорот со кој преку таен канал, десетици милиони долари руски нафтени пари би се прелеале на контото на владејачката партија во Италија, „Лига“ на Салвини, пред кампањата за изборите за Европскиот Парламент.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.