Националниот парк Маврово е под закана од над 20 хидроенергетски проекти, од кои три на Жировничка Река, од која се обезбедува вода за пиење за второто најголемо село во Маврово, Жировница, реагираат „Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница.
„Зафатите се лоцирани над самата каптажата за вода за пиење на селото и со тоа несомнено се загрозува доводот на вода. Населението воопшто не е консултирано за можното влијание од хидроцентралите ниту пак имаат гаранции дека нема да останат без основниот потребен ресурс за живот- вода за пиење“, се вели во соопштението на „Фронт 21/42“.
Локалното население, со поддршка од „Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница, денеска постави банер „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река“, испраќајки апел до сите носители на одлуки да го сопрат уништување на Жировничка Река, а најмладите активисти од Жировница изиграа ревијален фудбалски натпревар.