Протест на жителите на Визбегово против Домот за деца со воспитно-социјални проблеми

145

Граѓаните на скопско Визбегово денеска протестираа против дисперзираниот објект на Домот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение од Скопје во нивната населба, за да укажуваат на несоодветноста со изборот на објектот за оваа намена.

Тие се жалат дека во вечерните часови децата се шетаат по куќите и прават проблеми и  дека постојано им бараат цигари и алкохол, а правеле штета и врз недвижниот имот.

Катерина Тодороска од Организацискиот одбор на собирот изјави дека не протестрираат против младитре лица со нарушено поведение, туку против неадекватноста на изборот на локација за објектот за ваква намена и против неорганизираноста на процесот на т.н. ресоцијализација на овие штитеници.

– Тоа се млади лица со нарушено поведение за кои се организира образовен процес во истиот објект каде живеат. Со таквиот факт се разнебитува прокламираната идеја дека тие млади лица со нарушено поведение ќе се ресоцијализираат, бидејќи познато е дека најдобра социјализација и ресоцијализација на секоја идивидуа се случува во период на мешање со свои врсници. Во случајот, се работи за млади лица со нарушено поведение кои се „ресоцијализираат“ меѓусебно, а при тоа лицата имаат и воспитно-социјални проблеми – вели Тодороска.

Тие бараат итно да се прекине „овој непрофесионален, нетранспарентен и во сериозни размери ризичен проект на Министерството за труд и работа и УНИЦЕФ и најавија дека ќе продолжат да протестираат против овој проект се до решавање на ситуацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...