ОБНОВЕНО Почна протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал пред Министерството за здравство

239
foto printskrin

Пред Министерството за здравство почна најавениот протест на административниот и помошно-техничкиот персонал, во организација на координативното тело на здравствената администрација.

Синдикатот на Клинички центар вчера соопшти дека го поддржува протестот и нагласи дека на седница на Советот одржана минатиот месец се изјасниле оти не се задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не е вклучен во  зголемување на платите.

Синдикатот на Клинички центар на седница на Советот одржана на 10 минатиот месец донесе одлука да се потпише анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25 отсто, докторите со наставно звање за 20 отсто, докторите по општа медицина 15 отсто, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10 отсто и здравствените соработници за пет отсто, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година, истакнуваат од Синдикатот.

Во таа насока, наведуваат од Синдикатот на Клинички центар, поради идентичните барања и заедничката цел заедно со Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и координативното тело на здравствената администрација имавме повеќе средби со министерот за здравство на кое ги истакнавме нашите барања за зголемување на платите на административниот и помошно-техничкиот персонал и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество и администрација.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...