Протест во Ниш: Не го даваме нашиот аеродром и евтините летови

Повеќе од илјада жители на градот Ниш вчера протестираа на централниот градски плоштад поради намерата на градските власти да го предадат аеродромот „Константин Велики“ на дравата без надоместок.

468

Повеќе од илјада жители на градот Ниш вчера протестираа на централниот градски плоштад поради намерата на градските власти да го предадат аеродромот „Константин Велики“ на дравата без надоместок, јавува телевизијата N1.

Во случај на одземање на аеродромот градот Ниш ќе губи од 5 до 10 милиони евра годишно.

Претставник на Националната коалиција за децентрализација, Младен Јовановиќ, рече дека листата на аргументи против „давањето на аеродроми е долга“.

– Никој нема право да подари нешто што не е негово. Ниш е способен да управува со аеродромот. Аеродромот работи со добивка во изминатите три години – рече Јовановиќ.

Тој рече дека државата не мора „да го одземе аеродромот за да инвестира“.

– Не ги даваме нашите евтини летови. Нмеа Ниш да плаќа пенали поради скапата концесија (за белградскиот аеродром)- рече Јовановиќ.

Тој им кажа на советниците на Градското собрание во Ниш дека одговорноста за гласањето е на нив и дека немаат право да го подарат она што го создале предците на Нишлиите.

– Ако се осмелат да го дадат аеродромот, тоа не е крај, тоа е почеток на приказната. Ќе се обратиме на Европската комисија – рече Јовановиќ.

Иницијаторот на протестите во Ниш, Милош Бошковиќ, рече дека советниците ќе треба еден ден да им објаснат на своите соседи  зошто гласале во 2018 година да го подарат аеродромот.

Претставник на движењето Слободни станари, Растислав Димиќ, рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ денес признал дека аеродромот во Ниш е прашање за кое мор да одлучат Нишките советници.

Тој додаде дека главната битка допрва претстои бидејќи Градското собрание ќе заседава за прашањето  на 3-ти или 4-ти мај и ги повика граѓаните да се соберат пред градското собрание и јасно да им порачаат на советниците што бараат од нив.

Собирот помина мирно, а граѓаните носеа транспаренти, хартиени авиончиња и  свирчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...