Протести против пензиските реформи во Русија

Според законот се предвидува мажите до 2028 година да се пензионираат на 65 години, а жените до 2034 на 63 години.

426

Повеќе од 10 илјади луѓе протестираа во повеќе градови во Русија против новиот владин предлог за зголемување на старосната граница за одење во пензија.

Според законот се предвидува мажите до 2028 година да се пензионираат на 65 години, а жените до 2034 на 63 години.

Повеќе од 2,8 милиони луѓе ја потпишаа петицијата против донесување на законот кој помина во рускиот Долниот дом.

Организатор на протестите е Комунистичката партија на Русија, кои заедно со синдикатите тврдат дека со новата реформа, луѓето нема да доживеат исплата на пензија, со оглед на краткиот животен век во земјата, кој според СЗО е 70 години.

Од владата велат дека реформата е потребна за да се зголеми економскиот раст, кој изминатава година значително е намален поради санкциите кои Америка и ги наметна на Русија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...