Во Венецуела вчера беа одржани протести поради постојаните прекини во снабдувањето со електрична енергија и недостигот на вода за пиење.
Граѓаните се собраа во десетина населби во Каракас и некои делови на други провинции, откако и вчера во утринските часови снема струја.
Повеќето демонстранти носеа знамиња и извикуваа слогани, но некои од нив блокираа улици и палеа гуми.
Повикувајќи се на изјави на сведоци, светските агенции јавуваат дека покрај поставените барикади се слушнале и истрели и оти една жена е повредена.
Во Венецуела на 7 март ширум земјата снема струја поради што беа затворени училишта, канцеларии и го парализира речиси секој дел од земјата со 31 милион жители.
ФОТО: EPA / MIGUEL GUTIERREZ