Протести и контра-протести во Холандија поради помошникот на Дедо Мраз ФОТО

Црниот Пит беше причина за тепачки низ повеќе градови во Холандија во кои учествуваа и навивачки групи, интервенираше и полицијата, а беа уапсени и неколку лица.

1530
ФОТО: EPA/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Црниот Пит е лик од холандската верзија на приказната за Дедо Мраз кој таму го нарекуваат Синтерклас и се слави во очи на празникот Синтерклас (кај нас Св.Никола). Црниот Пит, според легендата е помошник на Дедо Мраз и е препознатлив по темната боја на кожата.

Меѓутоа, овој лик секоја година е причина за судири во Холандија помеѓу две групи. Така е и годинава. Едната група ја поддржува легендата за Синтерклас и помошникот, а другата се противи бидејќи смета дека тоа што Црниот Пит се претставува како лице со темна боја на кожата претставува расизам и е навредливо за луѓето со потемна боја.

Судири помеѓу вакви групи денеска избија во повеќе градови, а полицијата во Ротердам објави и дека уапсила три лица.

Сведоци за холандските медиуми ги опишуваат настаните како хаотични, а според пишувањата, граѓаните се гаѓале и со јајца. Во тепачките учествувале и навивачки групи на најголемите спортски клубови во Холандија.

ФОТО: EPA/ROB ENGELAAR

 

Инаку, според легендата, Црниот Пит ги носи подароците за време на празникот Синтерклас (кај нас Св.Никола). Според преданијата, во деновите пред празникот, тој често стои на покривите од куќите и преку оџаците прислушкува дали децата биле добри во текот на годината, а за време на празникот тој се спушта низ нив и им остава подароци.

Специјалност на Црниот Пит му е раздавање на медењаци, а покрај тоа што ги разнесува подароците на Дедо Мраз (Синтерклас) му помага и на тој начин што му ги носи книгата и стапот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...