Протести во Судан, седуммина загинати, над 180 повредени

44
ФОТО: EPA / MARWAN ALI

Најмалку седуммина загинаа, а 181 лице е повредено во протестите во Судан, јави суданската новинска агенција Суна, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Протестите во неделата беа најмасовни од нападот на безбедносните сили врз кампот на демонстрантите пред Министерството за одбрана пред три недели.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во повеќе делови на Картум, главниот град на Судан. Во близина на претседателската палата, безбедносните сили фрлија солзавец.

Заменик шефот на суданскиот владејачки воен совет, генерал Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, тврди дека непознати снајперисти пукале на цивили и војници.

Демонстрантите во сите делови на земјата бараа воспоставување цивилна власт, речиси три месеци откако војската на Судан го симна од власт Омар ал Башир.

ФОТО: EPA / MARWAN ALI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...