Протестите на жолтите елеци прераснаа во конфликт со полицијата, уапсени се 33 лица ФОТО

192

Француската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите во Париз за време на протестите на жолтите елеци и уапси 33 лица.

На Плоштадот Италија во јужниот дел од Париз, демонстрантите ги уништиле просториите на една банка, запалиле канти со ѓубре и фрлале кон полицијата со тврди предмети.

Два автомобили се превртени а еден скутер и автомобил се запалени. Полицијата одговорила со солзавец и со водени топови.

Полицијата соопшти дека се уапсени 33 лица.

Фото: EPA /YOAN VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...