Протестираат полицајците од редовната шумската и затворската полиција

Централниот протест во Скопје ќе биде поддржан од претставници на Словенија, Србија, Романија и на Бугарија.

670

Вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција членови на независниот синдикат на полицијата од утрово протестираат во сите градови во земјава. Генералниот протест ќе се одржи во Скопје пред влада каде што ќе ги достават нивните барања до Владата поврзани со платите и лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

Централниот протест во Скопје ќе биде поддржан од претставници на Словенија, Србија, Романија и на Бугарија.

За време на протестот кој почнува утрово а ќе трае до попладне ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...