Пред зградата на Собранието која е под засилено полициско обезбедување поради присуството на пратениците, се насобрани граѓани кои не се согласуваат со Договорот за решавање на прашањето за името.
Протестантите бараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратениците да ја напуштат седницата на Собрание.
Тие ја запеаја и македонската химна, а бараат и оставка од премиерот Зоран Заев.