Актерот Лиам Хемсворт (29) поднесе барање за развод со пејачката Мајли Сајрус (26), точно 11 дена откако беше објавено дека заврши нивниот седуммесечен брак.
Лиам ги наведе „непомирливите разлики“ како главна причина за разводот, при што странските медиуми велеа дека Мајли е разочарана од неговиот потег, бидејќи ѝ било тешко да прифати дека сè е готово.
Пред свадбата, двајцата потпишаа предбрачен договор, така што нивниот имот ќе остане недопрен, а бидејќи немаа деца, разводот наскоро ќе биде и официјален.
Извори блиски Мајли рекле дека таа „како манијак“ се обидувала да го спаси бракот, но не можела да помине преку неговиот „алкохолизам и користење одредени дроги“.
– Таа е добро, не ѝ е баш мило што Лиам ги поднесе документите за развод. Не сака да се крие, сака слободно да живее, расположението драстично ѝ се промени. Изгледа среќна и поопуштена – рекол изворот.
Од друга страна, извори блиски на актерот ги отфрлија тие обвиненија и тврдат дека единствената причина за развод на бракот е нејзиното неверство. Во меѓувреме, таа објави и песна за зависноста на нејзиниот сопруг од виски и апчиња.
Наводно, Лиам сонувал за мирен живот со сопругата, додека таа повеќе била заинтересирана за забавување и журки.
FOTO: Metro.co.uk
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT