Проститутки нудат брак за кратко, за да избегнат удари со камшици, ако ги фатат во недозволен секс

687

Ирански проститутки продаваат „три минутен Халал брак“ за да можат да имаат легално секс со сами или разведени мажи.

Некои венчавки може да се пролонгираат до месец дена, ако играчите се спремни да платат добро.

Во конзервативниот Иран, Шиитските муслимани може да добијат до 100 удари со камшик, дури и на јавно место, доколку имаат секс а не се во брак.

Тие кои се спремни да платат може да си имаат бракови на кратко време и тоа со повеќе проститутки, бидејќи во Иран е дозволено да се има до четири сопруги.

Со ова, тие не го прекршуваат законот.

Има онлајн чет соби и Инстаграм профили каде жени се продаваат за еден час или еден месец. Социјалните мрежи му помагаат на мажите да се спојат со проститука за само неколку минути.

Кога бракот ќе заврши, жената мора да чека да поминат две менструални циклуси пред да се венча повторно.

Бракот може да трае и повеќе години, но тоа е малку покомплицирано, бидејќи може да доведе до современо ропство.

Вебсајт наречен „Hafezoon“ им дозволува на мажи да се спојат со голем број извор на „невести“.

Извор: Sun

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...