„Простете ми илјада пати“, славниот Паоло Коељо ѝ се извини на Франција

„Ова е тажна видео-снимка со која им се извинувам на моите француски пријатели за кризата.“

648

„Простете ми, простете ми илјада пати“, се извини бразилскиот писател Паоло Коељо во видео-снимката објавена на Твитер, за навредите и недипломатските изјави што на Франција ѝ ги упати претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија.

Коељо на Твитер формира движење на поддршка на првата дама на Франција, Брижит Макрон на чиј изглед се исмеваше Болсонаро, за кои Емануел Макрон рече дека изразуваат „крајно непочитување“.

„Ова е тажна видео-снимка со која им се извинувам на моите француски пријатели за кризата. Јас би рекол поради хистеријата на Болсонаро кон Франција, францускиот претседател и неговата сопруга“, порача Коељо на снимката објавена на Твитер.

Писателот, роден во Рио де Женеиро во 1947 година е еден од најчитаните автори во светот, а неговиот „Алхемичар“ е продаден во десетици милиони примероци.

„Додека Амазонија гори, тие немаат никакви аргументи и (само) навреди, негираат и зборуваат глупости само за да не преземат одговорност“, додаде писателот, обраќајќи им се на бразилските власти.

„Ова е мрачно време за Бразил и ќе помине додека трае ноќта (…). Јас го нудам моето извинување“, додаде писателот, кој е „мировен амбасадор“ на ООН и основач на фондацијата „Пол Коељо“ во Рио, која им помага на сиромашните и жртвите на дискриминација во Бразил.

Францускиот претседател одговори на навредливите изјави на бразилскиот претседател за Брижит Макрон, посакувајќи отворено пред камерите дека „бразилскиот народ (…) многу бргу ќе добие претседател чие однесување ќе биде на висина“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...