Прослава на отворено пред Владата за Денот на независноста

225

Денот на независноста, 8 Септември, ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, предвидена е богата програма, а поканети се сите граѓани.

– Во сабота, во 18 часот одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со концерт за најмладите на „5+“ бенд, по што следува настап на Македонската филхармонија која заедно со Тамара и Тијана ќе изедат шлагери, а потоа е Емин Џијан, информира Бошњаковски.

Согласно Програмата, предвидено е и обраќање на премиерот Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...