Лидерот на опозицијата ДПМНЕ , Христијан Мицкоски во „комитско“ Ташмаруниште (тоа ти е како Сирипичино или Пуљарци!) по повод празникот Илинден го започна својот говор „Браќа земљаци и мили комшии“, … кажете „Не“ на претстојниот референдум… Не можам да се оглувам на тоа што се случува на мојата (го заборави зборот „мила“) татковина… Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европска унија, а демек сите ние останатите кои што не ја споделуваме нивната капитулација не сме биле за ЕУ (а дали сте за ЕУ?). А да не знаеме со кого си имаме работа (со Заев „криминалецот“ де) може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската унија завршува во секундата кога ќе се подели некој наместен тендер (исто како што Ти ги местеше во РЕК Битола!)… Затоа ќе им порачаме , колку повеќе се удираат во градите и велат ДА, толку повеќе вие и сите оние луѓе во Република Македонија (кои луѓе? Оние де, „вашите“) ќе им кажат едно големо громогласно НЕ. Доста е! (Доста е од Твоите глупости што ни ја распишуваш прославата на Илинден!)
Оној несреќник Иванов на прославата на Илинден во Крушево, во негов стил, ќе изјави – Оваа влада се обидува да ме заобиколи мене (а на кој си Ти потребен?)… Лага е дека со овој договор се менува само името, се менува и идентитетот (или не знаеш да читаш или се правиш на будала, тоа што си!)… Се брише државно – правниот континуитет на Македонија (невидена будалштина!!!). Лага е дека со овој договор се членството во ЕУ и НАТО (човече, Македонија има покана за членство во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ! Боже, каков кретенизам!)… Грција стекнува право да се меша во општото добро на нашата република (каде тоа го пишува???). Со овој договор правно се укинува македонскиот народ (вселенска глупост, како може да се укине народ???). Сакат да го убедат македонскиот народ да изврши правно самоубиство (боже мили, „бисер„ до „бисер„!)… Никој нема право да тргува со името на Македонија (феноменална мисла, демек Заев го продава името на Грција а таа како купувач ни плаќа со членство во НАТО и ЕУ! Нели е така Хорхе?)… Македонците се сплотени околу идејата за членство во ЕУ и НАТО, но таму сакаат со своето име, достоинство и чест (човекот паднал од Марс! А бе, 27 години се преговара за промена на името, кого Ти правиш будала!)… Да се биде Македонец, не е само право туку и обврска (Хорхе и Македонец!)… Од кабинетот на Хорхе, по повод реакцијата на СДСМ, ќе објават дека вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно (!) за предавството (какво предавство бре несреќо една!) кое што ги нуди на македонскиот народ…
Кулминација после „брилијантниот“ говор на Хорхе, најверојатно инспирирани од него, следуваше насилството на толпа „комити“ на опозицијата ДПМНЕ, дел од истите оние тепачи од 27 април во Собранието, со извикување на расистички пароли „мртов ш….р, добар ш….р“ за време додека делегацијата на Владата положуваше венец пред споменикот на паднатите херои. Да биде срамот поголем, при напуштање на делегацијата на Владата заедно со странски дипломати меѓу кои американскиот заменик помошен секретар Метју Палмер и амбасадорот Џес Бејли толпата хулигани фрлаше по нив со шишиња и предмети што ги имале во раце при тоа извикувајќи пцовки и навреди како изроди, предавници и урлање со „уа-а-а“. Ова е невиден примитивизам и срам за Македонија. Изеде нас туѓа срамота! Ова е нешто што не може да се опише со зборови, тоа може да го направи само „патриотите“, во случајот идиотите, на опозицијата. На сето тоа Хорхе не најде за згодно да ги осуди хулиганите што ја посрамија земјата и народот. Од кабинетот на Хорхе безобразно одговараат дека Владата на Република Македонија требало самата да се запраша зошто македонскиот народ (кој народ бре несреќо една?) на тој начин реагира кон владините претставници; спрема Хорхе Владата сама си е крива што „револтираниот народ„ (тоа се хулиганите на ДПМНЕ истите од 27 април) фрлале со шишиња и други предмети кон нив и меѓународните претставници! Невидено безобразие…
Манчевски му порача на Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција и да види дека со него се загарантирани македонскиот јазик, македонската национална посебност и македонскиот идентитет. Сигурно дека Хорхе го прочитал Договорот и го разбрал, текст што може секој писмен човек да го разбере а не па универзитетски професор! Манчевски, тој добро разбрал дека со Договорот македонскиот идентитетот не е загрозен, дека Коsијас и Ципрас јасно рекоа дека ние (Грците) не можеме да им забраниме самите да се самоопределат како Македонци, кои зборуваат македонски јазик и дека нашите производи ќе носат назив македонски производи (вино, тутун, пипер, ајвар и т.н.). Тоа не дека не му е јасно на Хорхе, се работи за нешто друго. Хорхе заборава на каква државна функција се наоѓа, претседател на држава Република Македонија, па така неговата омраза, злорадост, болна љубомора спрема Заев и Владата, човек полн со отров, тој на идиотски начин ги извртува стварите и кажува големи извртени невистини и лаги, со цел да го сврте вниманието на „нивниот народ„ да го бојкотираат референдумот (тивок бојкот). Не е тоа случајно!
Се прашувам како е можно човек на таква највисока функција во државата, па уште и универзитетски професор, така да се однесува! Просто неверојатно. Не би сакал да навлегувам во генезата на неговото однесување поврзано со неговиот ментор Груевски, кој е сто на сто параноик или невротичар, што му е пренесено и на Хорхе. Тој е слаба личност, без интегритет, исплашен и уценет од страна на неговиот ментор, најверојатно со пари и имот и од „бомбите„ наваму во се’ се однесува ненормално. Со говорот во Крушево само покажа дека тој е непоправлив случај и до крајот на мандатот тој ќе се однесува само блесаво и ненормално. Се гледа дека лицето на Хорхе е некако изопачено, без природен изглед, со светнати очи, збунет, исплашен од нешто, тресе глупости и будалштини. Таков човек мора да има и психички проблеми, тој со своето однесување не делува како нормален и разумен човек! Не може психички здрав човек така да се однесува, само психички болен човек така може да се однесува. Единствено ова е разумен одговор зошто човекот така се однесува.
Што се однесува до однесувањето на целата опозиција, вклучувајќи го посебно лидерот на ДПМНЕ Мицкоски, сите некако чудно и ненормално се однесуваат. Во нивните напади нема никаква логика на нештата, сѐ почива на извртени работи, лаги, манипулации и што уште не, и на крајот нивните тиради обавезно ги завршуваат со напади на Владата и навреди лично кон Заев! Замислете, во разговорите на американскиот висок дипломат Метју Палмер со Мицкоски кој сигурно се водел за претстојниот референдум и поддршката на Америка за Договорот со Грација, тој Мицкоски целата работа ја сврте со критики кон Владата! Нема никаква поврзаност и логика кога се разговара за Договорот со Грција и референдумот Мицкоски пред американскиот дипломат да ја критикува Владата! Човече, тој дошол од Америка не да ги слуша твоите поплаки против Владата, тој дошол да го чуе Твоето мислење за Договорот со Грција и да Те убеди Тебе и опозицијата да дадете поддршка. Колку е сето ова смешно за Американецот! Зарем ваквото однесување на Мицкоски може да се земе како нормално?!.
Да се вратиме на прославата на празникот Илинден. Иванов, подобро звучи Хорхе, како претседател и Мицкоски како лидер на опозицијата ДПМНЕ на место да зборуваат за значењето на празникот, да евоцираат спомени за епопејата на Крушевската Република, сеќавањата за АСНОМ, кој овие двајца не можат да го смислат како нивни празник, тие двајцата целиот говор го наведоа на Договорот со Грција или Грчкиот договор спрема Хорхе. Опозицијата го искористи големиот празник Илинден да ги промовираат нивните исти глупости против Договорот, Владата и Заев со што го расипаа чествувањето на големиот празник. Како фил на торта беше насилството што го направија „комитите„ и тврдокорните луѓе на опозицијата, со фрлање на предмети и урлањето со „уа-а-а„ при напуштање на владината делегација заедно со меѓународни претставници во кој беа и американскиот висок дипломат Метју Палмер и амбасадорот Џес Бејли. Каков срам за Македонија и народот! Секој разумен човек се срами што будалите го прават! Не знам што ќе помислат странските претставници и Американците за Македонија, земја со аспирации за членство во НАТО и ЕУ! Можеби ќе сфатат колку работа им престои за да се преобрази Македонија од една Балканска пачавра во Европска земја со сите вредности и стандарди! Но срамот, оној туѓиот, останува за нас Македонците…
Ќе се вратам на Хорхе, по некоја случајност на функција – претседател на Република Македонија. Земајќи ги во предвид сите будалштини што ги направи досега, како што се аболицијата, давање / не давање на мандатот на Зоран Заев да формира влада, 27 април во кој тој имаше главна улога заедно со Груевски, не потпишување на Указите за употреба на албанскиот јазик и Договорот со Грција, пред тоа глупата антиквизација на која Хорхе беше главниот „архитект“ и сегашниот говор во Крушево на кој на место чествување сееше омраза и глупости против Договорот со Грција, земено сето заедно укажува на тоа дека човекот има сериозни проблеми со својата психа, дека човекот не се однесува нормално како разумен човек. Мора да има некои психички проблеми, едноставно не е можно така откачено и неразумно да се однесува нормален човек! Можеби е во право професорката Најчевска кога вели дека Уставниот суд треба да ја преиспита неговата деловна способност, со претходно мислење од лекарски неуропсихијатриски конзилиум и да прогласи деловна неспособност на Иванов и до крајот на неговиот мандат таа функција да ја врши претседателот на Собранието. Време е да се помисли на предлогот на Најчевска…
На крајот да завршам. Не постои земја како Македонија никаде на светот каде што една голема партија ДПМНЕ сегашна опозиција толку многу да работи против својата држава Македонија и народот… Нешто невидено…