Прослава кај „Школка“ за Денот на независноста

285

Во градскиот парк во Скопје, кај „Школка“ во 11 ќе започне големата прослава „Боите на независноста“ по повод најголемиот државен празник во земјата, 8-ми Септември – Денот на независноста, информираат од Владата.

– На настанот ќе се презентираат различни активности, сервисни информации, услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите, показни вежби, традиционална храна, спорт и др. Во 12 часот ќе се интонира Химната на Република Северна Македонија по што ќе следи и обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. На настанот со своја музичка програма ќе настапат: 5+ Бенд, Денсерс јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и диџеј Драган Б. Костиќ – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...