Просинечки по трет пат ќе се оперира во Сараево

190

Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена ѕвезда, Роберт Просинечки, по трет пат ќе биде опериран во Сараево поради проблеми со дивертикулумот на дебелото црево.

Планираната хируршка процедура е закажана за 15. февруари, потврдија од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево за „Дневни аваз“.

Актуелниот тренер на репрезентацијата на Босна и Херцеговина по враќањето од Лас Палмас на 18. ноември, каде ги предводеше БиХ против Шпанија во пријателски натпревар, се пожали на болки во стомакот и четири дена подоцна беше хоспитализиран.

Веднаш му беше извршена четиричасовна операција, а потоа уште една пократка на 1. декември.

Се верува дека Просинечки ќе биде подготвен да го води тимот на Босна во квалификациите за Европското првенство 2020.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...