Просечен октомвриски ден – облачен и топол

138

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот од југ ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...