Хајката против мене се засилува. Тоа покажува колку власта е ослабена, а Заев нервозен. И колку одбраната на Катица Јанева и на Бојан Јовановски во аферата “Рекет” стои на стаклени нозе.
Желбата лично да ме дискредитираат нивните апологети, со еден куп клевети и измислици, ги здружи пропагандистите на СДСМ и Миленко Неделковски. Уште еднаш се докажа дека баграта не познава идеолошки и партиски разлики. Кога е зима, куче и маче спијат заедно…
..
Кон толкувањата на снимените монолози на Орце Камчев, во кои јас сум спомнат како “бомбаш во најава” (без никава основа, се разбира), се приклучи и Миленко. Во текст на порталот Дудинка, тој тврди:
“…Врбуван соработник на бугарските тајни полициски и разузнавачки служби, за сума од 25.000 евра во кеш исплатени во Скопје, Бранко Геровски ја одработил бугарската агенда. Односно, бугарската освета на Бојко Борисов кон Зоран Заев, затоа што не му беше овозможено да купи сериозен пакет акции во Комерцијална кај Хари Костов”.
Бреј! Не би ме чудело некој наскоро да почне да тврди дека сум бил соработник и на српската тајна служба. Грчки платеник и шиптарољубец сум од поодамна. И што ли уште не… Лудилово крај нема.
Како и да е, го повикувам Миленко барем еднаш да се потруди да докаже една од своите бедни измислици за мене. Еве, нека докаже дека сум бил врбуван од бугарските служби. Нека докаже дека ми се исплатени 25.000 евра кеш во Скопје (прифаќам и доказ за 2,5 евра кеш). И нека докаже каква врска имам јас со таа негова приказа за Бојко Борисов и за Хари Костов. Конечно, нека докаже дека Земјата е рамна плоча, белким тоа е полесно за докажување…
После толку лопати лајна изедени деновиве за мене, од сдсмовските пропагандистички психопати, па сè до овие малоумни измислици на Миленко, редно е некој да се обиде да изнесе некаков конкретен доказ, или да оформи некакво основано сомневање, па да си се видиме на суд, ко луѓе.
Вака, нема кого да тужиш. Гомнојадец до гомнојадец. Сите ќе се вадат на метафорично лудило, на емотивен занес, на непресметливост… И на “јавниот интерес”, се разбира.
Нема друго чаре. Чекам да се долајат песовиве, па да се фатам и јас за работа. И како беше она… Ах да! Дагау, мамичето мамино клеветничко!
Нема веќе милост за баграта! Се сеќавате како ве газев во јуни годинава? Се сеќавате на оние шокантни, кодирани, но вистинити приказни? Е па спремајте се за нова тура, другарчиња. Некаде во почетокот на јануари.
Дагау!!!
ПС. Слушнав кој би можел да биде најверојатниот снимач на средбата на расклештениот Камчев со друштвото во Бугарија. Шокиран сум! Ако е навистина тој. Очекувам да ми се јави и да ми каже дека не е…