Ранец со марихуана бил пронајден вчера околу 17.30 часот, а нешто подоцна приведен бил тетовец кај кого биле пронајдени кокаин, екстази и марихуана, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-На локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста „Воденица“ полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси. Извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот-велат од МВР.
Околу 19.00 часот од слобода бил лишен Д.З.(35) од Тетово. При претрес на неговиот дом реализиран со судска наредба пронајдени биле кокаин, марихуана и екстази.
Тој бил задржан во полициска станица и против истиот ќе следи соодветен поднесок.