Пронајден мртов маж во центарот на Прилеп

789

Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.

– С.И. е пронајден околу 6.15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши одбукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот – вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...