Пронајден можеби најголемиот цвет на светот

На истото место 2017 година е пронајдена досегашната најголема „рафлесија арнолди“.

150

Центарот за природни ресурси и заштита во Западна Суматра соопшти дека нивни научници го пронашле можеби и најголемиот цвет од билката „рафлесија арнолди“, што би било светски рекорд. Обемот на цветот е 107 сантиметри.

Билката често се нарекува и „цвет лешинар”, поради своите паразитски својства и одбојниот мирис. Овој вид којшто вирее на индонезиските острови Суматра и Борнео е позната по тоа што ги има едни од најголемите цветови на светот.

На истото место 2017 година е пронајдена досегашната најголема „рафлесија арнолди“.

Оваа билка е паразит без корења и листови и може да преживее само со помош на билката тетрастигма. Одбојниот мирис кој цветот го испушта ги привлекува инсектите што го опрашуваат.

„Рафлесија арнолди“ цвета само еднаш годишно, меѓу август и октомври, но нејзиниот живот е со кус век – само две седмици по процветувањето, таа овенува

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...