Пронајдено оружје и кокаин во дом на скопјанец

276

Четириесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла оружје и кокаин, соопшти МВР.

„Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот А.С.(41) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, се наведува во соопштението.

На 11-ти овој месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и притоа биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...