Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје

941

Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата Љубљанска во Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14.30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош.

В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал од струен удар додека ја командувал дигалката.

Телото на В.Ц. е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...