На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка „Миравци“, при контрола на товарно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки, со приколка, управувано од И.Д.(46) од Скопје, биле затекнати 56 мигранти, соопшти МВР.
Од нив 54 биле од Пакистан и двајца од Авганистан, а возачот на камионот бил приведен во полициска станица.