Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија-Неготино.
Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23.45 часот, а полицијата го привела 42-годишниот С.З. од Србија, кој управувал со возилото.
Мигарнтите, од кои двајца од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан, се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.