Во саботата во 10.59 часот, во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот за Горно Нерези, скопско, биле пронајдени човечки коски.
Како што соопштија од МВР, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и коските, по наредба на јавен обвинител, се предадени за обдукција. Се работи на расчистување на случајот.