При претрес во домот на жител од тетовското село Глоѓи полицијата пронашла над 200 куршуми за пиштол, што нелегално ги поседувал, соопшти полицијата.
„Вчера во периодот од 13:30 до 15:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, Тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација. К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка“, се наведува во денешниот полициски билтен.