Пронајдени двете сестри кои исчезнаa во дивината: По нив трагале 100 полицајци!

Сестрите Карико, Леа (8) и Керолајн (5), биле пронајдени од страна на капетанот на противпожарната единица и пожарникар кои ги следеле трагите од чизмите кои ги носеле девојчињата.

1200

Две сестри, од осум и пет години, кои во петокот исчезнале во Северна Калифорнија се пронајдени по масовната потрага во која биле ангажирани и хеликоптери и кучиња за трагање.

Сестрите Карико, Леа (8) и Керолајн (5), биле пронајдени од страна на капетанот на противпожарната единица и пожарникар кои ги следеле трагите од чизмите кои ги носеле девојчињата.

– Ова е неверојатно! Чудо – рекол шерифот Вилијам Хонсал, објаснувајќи дека биле пронајдени во дивината на Северна Калифорнија.

Иако девојчињата дехидрирале, тие не биле повредени и биле добро расположени, додал Хонсал.

Тој навел дека девојчињата се членови на локалниот клуб каде поминале обука за преживување на отворено што, како што се верува, им помогнало.

Сестрите носеле чизми и јаделе житарки, пренесува АП.

По исчезнатите сестри трагале повеќе од 100 полицајци и спасувачи, помеѓу кои и припадници на Националната гарда и американската крајбрежна стража.

Последен пат биле видени во петокот околу 14:30 по локално време пред својата куќа во Бенбо, мало место на 320 км северозападно од Сакраменто.

Надежта дека девојчињата ќе бидат пронајдени кај спасувачите се појавила кога во саботата наишле на отисоци од нивните гумени чизми и обвивките од штанглите од житарки.

ФОТО: Printskrin/Humboldt County Sheriff’s Office

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...