Пронајдена бомба во домот на Џорџ Сорос

459

Њујоршката полиција соопшти дека безбедно уништила писмо бомба, пронајдено во домот на милијардерот Џорџ Сорос.

Сомнителниот пакет бил пронајден во поштенското сандаче од еден вработен, кој ја известил полицијата, која потоа го однесла во околната шума. Инцидентот што се случил вчера наутро сега го истражува ФБИ. Според извештаите, Сорос во тој момент не бил во својот дом во градот Бедфорд.

„Вработен во резиденцијата го отворил пакетот, по што видел нешто што изгледало како експлозивна направа. Пакетот потоа беше уништен од техничари од бомбашкиот одред“, објави полицискиот оддел на Бедфорд.

Осумдесет и осумгодишниот унгарско-американски милијардер е честа мета на десничарски групи поради неговата поддршка на проекти за човекови права и либерални демократски вредности низ светот, на што потроши милијарди долари од своето богатство. Тој исто така е голем донатор на Демократската партија во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...