Во понеделникот околу 16,50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во Вевчани, струшко, при чистење на одводен канал, била пронајдена една рачна бомба со непознато потекло од Втора Светска Војна и една кесичка со барут.
Од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување рачната бомба била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.