Само неколку дена по смртта на неговата мајка Адам Смит од Сент Луис во замрзнувачот нашол кутија , во која имало мумифицирано новороденче. Адам знаел за кутијата, но мајка му, која починала од карцином, никогаш не му дозволила да ја отвори.
Тој претпоставувал дека во неа мајка му чува парче невестинска торта или сличен спомен, но не можел ниту да помисли дека ќе наиде на мумифицирано тело на своја сестра.
Aдам во неделата повикал полиција и истрагата покажала сдека навистина станува збор за женско новороденче , кое мајката го замотала со розево кебенце и го облекла во фустанче. Адам претпроставува дека мајка му не му кажала што има на кутијата ниту на смртната постела зашто направила нешто лошо и не сакала да има проблеми со законот.
Роднините подоцна му рекле дека мајката родила близнаци од кои едното починало, а другото го дала на посвојување.