Промоција на избрани дела на Стојан Андов ќе се одржи денеска во Кинотеката на Македонија.
Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори – 1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.
За мемоарско-публицистичките и литературни дела ќе говорат Раде Силјан, главен уредник на изданието, академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.
Со промоцијата на избраните дела „Матица македонска“ ќе ја одбележи и осумдесет и тригодишнината од раѓањето на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија.