Во просториите на „Square 21“ денеска беше промовиран идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Платформата Conservative.mk претставува идеолошки и аналитички центар која во себе спојува политички и граѓански активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот како десно или центар-десно политичка ориентација, соопшти ГДУ.
Дел од Conservative.mk се патриотскиот институт „Христо Узунов“, ВМРОпедија – онлајн енциклопедија за македонската револуционерна борба, УДАР – здружение на македонски патриоти и социјалниот медиум Приказни од Булеварот. Медиумски партнер на аналитичкиот центар е порталот „Трибуна“.
Настанот што беше проследен од повеќе од 200 присутни, беше поделен на 2 дела, обраќања на дел од иницијаторите за создавање на платформата и дебата на тема: „Разбирајќи го конзерватизмот.“
Во првиот дел свои пригодни обраќања имаа: Александар Богоевски- главен уредник на интернет списанието „Conservative.mk“, Стјепан Покупец- уредник во „Conservative.mk“, Кристијан Мицкоски- управител на патриотскиот институт „Христо Узунов“ и Стефан Василевски- управител на платформата „Conservative.mk“.
Вториот дел од настанот беше дебатен и во него земаа учество: Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, проф Самоил Малчески, поранешен студентски лидер и политички аналитичар, Кристијан Шкварек- претседател на контролниот совет на Младински конзервативен клуб во Софија (Бугарија), политички аналитичар и автор во сајтот „Conservative.bg“ и Бобан Тотовски, претседател на Е-спорт федерација на Европа.
Специјални гости на настанот беа претставници на бугарската интернет платформа „„Conservative.bg“, на чело со главниот уредник на проектот Николај Облаков.