Промовирана софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”

Апликацијата врши моделирање на аерозагадувањето со вклучување на временската прогноза и сѐ уште е во развој и во фаза на подобрување на визуелизацијата. Таа овозможува 4-дневна прогноза за загадувањето на воздухот на територијата на државата.

107

Во рамки на активностите на Планот за чист воздух за 2020 година, денеска на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за предикција на аерозагадувањето „ПМ Аларм”.

„ПМ Аларм” e софистициран систем за прогноза на аерозагадувањето во Македонија, развиен од научниците од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот во Виена – Австрија и Универзитетот во Сао Паоло – Бразил, поддржано од Министерството за животна средина и просторно планирање. Апликацијата врши моделирање на аерозагадувањето со вклучување на временската прогноза и сѐ уште е во развој и во фаза на подобрување на визуелизацијата. Таа овозможува 4-дневна прогноза за загадувањето на воздухот на територијата на државата.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули изрази огромна почит кон креаторите на ова решение, и се заблагодари на сите вклучени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а особено на Агенцијата за електронски комуникации која го препозна и помогна реализирањето на овој проект.

– Од огромно значење е фактот што со својата посветеност, професионализам, знаење и креативна работа академската заедница сериозно се вклучува во обезбедување на апликативни научни решенија за информации и предикции за аерозагадувањето, кое што е еден од најактуелните проблеми во државата. Заедно со науката да работиме на решавањето на проблемите и справување со предизвиците кои не очекуваат- истакна Макрадули.

Апликацијата е достапна за сопствениците на iOS и Android уредите, но истата има и веб верзија (мапа) со временска оска, каде корисниците може да добијат визуелен приказ на загадувањето. Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...