Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот облачноста ќе се намалува, особено во источните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.