Променливо облачно, со повремен дожд

147

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час. УВ индексот ќе изнесува шест.

Минималните температури ќе се движат од седум до 16, а максималните од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...